Connect with us

Неверојатен скандал: Најмила насилници да ја претепаат за да и го земе местото во тимот

Познатата фудбалерка на Пари Сен Жермен, Амината Диало, денеска е уапсена под сомнение дека имала директна поврзаност со претепувањето на нејзината соиграчка Кира Хамрауи за да ја отстрани од тимот и од репрезентацијата.


Според „Л’Екип“, Диало е обвинета дека ангажирала маскирани лица да ја тепаат Хамрауи и да и нанесат повреди кои ќе ја одвојат подолго од теренот.

Апсењето се случило утринава во куќата на Диало, а таа е осомничена за нападот од минатиот четврток, кој ги вознемири сите во кампот на францускиот тим. Како што се наведува, Харауи се враќала од клупскиот настан во придружба на уште две фудбалерки, а возач на автомобилот била токму Диало.

Штом седнале, кон автомобилот се приближиле двајца маскирани напаѓачи, од кои едниот ја извлекол од автомобилот, а другиот со железна шипка и нанел неколку силни удари во пределот на ногата.

Таа набрзо завршила во болница и сега се движи со помош на помагала, а во вторникот вечерта беше спречена да го одигра јубилејниот 100. натпревар за клубот.

Има основа за сомнеж дека Дијало поради љубомора и конкуренција договорила физички напад над конкурентката во тимот. Набргу по апсењето, клубот излезе со соопштение во кое застана во одбрана на двете фудбалерки, а што е всушност точно се случило ќе покаже натамошната истрага.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови