Connect with us

Несторовски: Важен гол после тежок период, го посветувам на семејството

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се врати на теренот откако го победи коронавирусот, а го постигна победничкиот гол за Удинезе во триумфот (2-3) на гости против Торино. Тоа е прв гол за Нестор-гол во новата сезона од Серија А. 

„Многу важен гол за тимот. Среќен сум за победата и за мене лично после еден тежок период. Го посветувам голот на моето семејство“, објави Илија Несторовски. 

Удинезе е во серија од три последовни победи, а во следното коло го пречекува Кротоне.

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови