Илија Несторовски конечно го дочека првиот погодок во дресот на Удинезе, а македонскиот интернационалец во разговор за весникот „Газета дело спорт“ откри дека посакува до крајот на сезонава да стигне до двоцифрен број на голови за „фриулијаните“.
„Секој ден давам 100% од себе на секој тренинг, за да се изборам за првотимски статус. Желба ми е да стигнам до најмалку 10 гола сезонава, знам дека нема да ми биде лесно, но ќе сторам се за да го остварам тоа“ – открива Илија Несторовски.
Тој се надева дека гол-серијата ќе продолжи и на дуелот со Лацио, на кој Удинезе ќе се обидува да стигне до цел плен.
„Имаше натпревари на кои правев се за да постигнам гол, но топката не сакаше да влезе во мрежата. Ќе погодев дирек, голманот ќе одбранеше, а кога ќе дадев гол, ќе беше поништен од судијата. Конечно успеав, но многу ми е жал што не беше крунисано и со позитивен резултат против Сампдорија. Сепак, не се обесхрабруваме, ќе одиме на победа веќе на следниот натпревар против Лацио“ – истакна Несторовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













