
Илија Несторовски од денеска и официјално е нов член на Удинезе, објави калчолигашот од Удине на својата официјална веб-страница. Македонецот веќе неполн месец беше поврзуван со „фриулијаните“, но се чекаше на конечната разврска во Палермо за трансферот да биде комплетиран. Откако сицилијанскиот клуб ја загуби и последната жалба и сите играчи станаа слободни за трансфер, Несторовски денеска и официјално го потпиша тригодишниот договор со Удинезе.
„Несторовски во минатото покажа дека знае да дава голови во сите натпреварувања, меѓу другите и во „Серија А“. Тој доби неколку интересни понуди во овој период, но го избра токму нашиот клуб, за што сме му благодарни“ – изјави директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино на промоцијата на Македонецот.
Илија Несторовски ги мина последните три сезони во Италија, каде како член на Палермо вкупно во првата и втората лига одигра 99 натпревари, притоа постигнувајќи 38 погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal