Илија Несторовски експресно влезе во голгетерски ритам и во дресот на Удинезе, откако македонскиот репрезентативец постигна два гола на денешниот дуел со италијанскиот нисколигаш Кјарлинс Музане. „Фриулијаните“ го завршија мечот со убедливи 7-0, а серијата голови ја отвори токму Несторовски, кој во 9. минута на асистенција на Теодорчик рутински ја затресе противничката мрежа.
Екс-голгетерот на Палермо потоа стрелаше прецизно и во второто полувреме, зголемувајќи на 5-0, пред да биде повлечен од игра во 67. минута од натпреварот.
Јасно е дека противникот беше далеку под калчолигашко ниво, но головите дефинитивно ќе му ја зголемат самодовербата на Несторовски во борбата за првотимски статус во пресрет на стартот на новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













