Удинезе со пораз (0-2) од Беневенто на домашен терен ја заокружи 2020 година, а македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вели дека деновите за Божик ќе бидат добредојдени за мал одмор во пресрет на жестокиот старт на 2021 година. Удинезе на 3 јануари го очекува дуел со Јувентус, а потоа следат во низа мечевите со Болоња, Наполи, Сампдорија и Интер во Серија А.
„Жалиме што со пораз ја завршивме годината, имавме свои шанси, но не ги искористивме, а Беневенто знаеше да профитира. Сега треба малку да одмориме и да бидеме со семејствата за Божик, а потоа да се вратиме на напорна работа, затоа што не очекуваат тешки натпревари со фаворити, а нам ни се потребни бодови“, изјави Илија Несторовски за „Удинезе ТВ“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













