Connect with us

Немања Матиќ си оди од „Олд Трафорд“, и тоа кај Мурињо во Рим

Српскиот интернационалец Немања Матиќ на лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, откриваат медиумите на Островот. По пет години на „Олд Трафорд“, Немања Матиќ ќе мора да побара нова средина и покрај тоа што неговиот договор има важност до 2023 година.


Сепак, тој се наоѓа на „црниот список“ на Ерик тен Хаг, холандскиот стратег кој треба да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед за новата сезона. Покрај Матиќ, тимот на Јунајтед најверојатно ќе го напуштат уште и Мата, Кавани, Лингард…

Матиќ не е во прв план и кај сегашниот менаџер Ралф Тагник оваа сезона, а најавите се дека би можел повторно да соработува со Жозе Мурињо и да се пресели во Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови