Connect with us

Немања Матиќ пред трансфер во Лестер

Српскиот интернационалец Немања Матиќ ова лето би можел да го засили Лестер, кој е заинтересиран за засилување на средниот ред. Матиќ веќе одреден период не е незаменлив во тимот на Оле Гунар Солскјер, па ова лето е можност да ја освежи неговата кариера, а во исто време и шанса Јунајтед да заработи од него, бидејќи неговиот договор истекува за две години.


Поранешниот репрезентативец на Србија е на „Олд Трафорд“ веќе четири години, а се проценува дека Манчестер Јунајтед би инкасирал од 13 до 15 милиони евра како отштета.


Матиќ се поврзуваше и со можно заминување во Рома и нова соработка со Жозе Мурињо, но многу пореално е да остане во Премиер – лигата и да се пресели во Лестер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови