Немања Матиќ е нов фудбалер на Рома. Римскиот клуб го промовираше српскиот фудбалер кој доаѓа на барање на Жозе Мурињо.
„Клубот со задоволство може да го потврди потпишувањето со Немања Матиќ. 33-годишниот фудбалер стави потпис на едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Рома.
Матиќ и Мурињо третпат ќе работат заедно.
„Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи. Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи“.
Матиќ ќе го носи дресот со број 21.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski