
Еуфоријата во Њукасл не стивнува откако еден од најбогатите луѓе на планетата, принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, го купи клубот од „Сент Џејмс парк“.
Медиумите на Островот секојдневно ја подгреваат фантазијата на навивачите на „чавките“ со фудбалерите кои кои набрзо да го облечат дресот на овој клуб.
Ќе има и нoв тренер, а се споменуваа Антонио Конте, Ралф Рангник, Френк Лампард, Стивен Џерард .. Поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Лидс и Манчестер Сити, Дени Милс, нема сомнеж кој би бил идеален за клупата Њукасл во овој момент.
„Во оваа ситуација, ако имате богати сопственици кои ви нудат пари за да направите тим и да им донесете успех, јас секогаш би се одлучил за Мурињо. Ако му дадете доволно пари и му дозволите да го направи она што го мисли, тој сигурно ќе ве доведе до успех побрзо од било кој друг“, изјави Дени Милс за англиските медиуми.
Проблемот е што славниот Португалец ја презеде Рома оваа сезона и потпиша тригодишен договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
