Connect with us

Нема место за паника: Лукаку и Вернер ќе отсуствуваат само неколку дена

Фудбалерите на Челси синоќа убедливо го победија Малме со 4-0, но менаџерот Томас Тухел загуби двајца напаѓачи. Ромелу Лукаку и Тим Вернер се здобија со повреди и ќе отсуствуваат извесно време.
Сепак, менаџерот на „сините“ смета дека повредите не се премногу сериозни и дека напаѓачите нема да отсуствуваат долг период.


„Мислам дека тие ќе биде надвор од терените неколку дена. Не знам точно колку е лошо. Сепак, најлошиот момент е бидејќи и двајцата се во добра форма, создаваат шанси и постигнуваат голови, а ние имаме многу натпревари пред нас. Ќе мораме да најдеме решение, сега шанса ќе добијат оние кои ја чекаа во изминатиот период”, изјави Тухел.

За среќа, Челси не го очекува дерби во Премиер – лигата, па германскиот стручњак најверојатно лесно ќе најде алтернатива. Следен противник е Норич.

„Сите други се во конкуренција. Оние кои ќе го започнат натпреварот ќе ја имаат нашата целосна доверба. Во секој случај, мора да се бориме, вакви работи се случуваат во текот на сезоната. Нема оправдувања“, истакна Тухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови