
Детонит Плачковица се наоѓа на еден историски чекор до пласман во елитата. За ривал го има најголемиот клуб на македонските простори, Вардар, и мисијата секако ќе биде екстремно тешка, но фудбалерите на тимот од Радовиш веруваат дека можат да ја исполнат. Да го елиминираат големиот Вардар денеска (17 часот) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица и да се пласираат во елитата.
Во составот на Детонит Плачковица има неколку екс-вардарци. Еден од најдобрите играчи, Иван Настевски, своевремено беше еден од најголемите таленти од школата на Вардар, а потоса играше и за сениорскиот тим. Искусниот стопер Дарко Стојанов исто така го носеше дресот на „црвено-црните“, а крилниот играч Лука Трајкоски токму од Вардар дојде во Детонит Плачковица.
Претседателот на Детонит Плачковица, Јовица Трајчев, исто така во текот на кариерата три години, од 2002 до 2005 година го носеше дресот на Вардар, а оттаму направи трансфер во Гент.
Малиот клуб од Радовиш ќе се обиде денеска да направи сензација и да го победи големиот Вардар. Младиот тренер Иван Варадиновски има на располагање млад и талентиран состав, надополнет со неколку искусни фудбалери, кои се надеваат да го исполнат сонот на сите во Радовиш, нивниот клуб да стане прволигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
