Connect with us

Некогаш најголем светски талент, а денес најголем фудбалски паразит – Барса го плаќа Ансу Фати 74.000 евра по одиграна минута

Некогаш беше најголемиот светски талент, а денес е најголемиот фудбалски паразит. Вечно е повреден и речиси никогаш не е подготвен. Тој е трет најплатен играч во тимот кој нема голема корист од него. Сепак, не му паѓа на памет да ја промени средината.

Барселона му плаќа на Ансу Фати приближно 74.000 евра по одиграна минута. Луда сума ако се земе предвид дека оваа сезона има само 186 минути на осум настапи.

Со 22 години, некогаш чудесниот талент и производ на младинската школа на Барселона веќе го изгуби патот кој му беше предвиден.

Причина за тоа е серијата повреди кои го мачеа, го забавуваа, ја кочеа неговата кариера и на некој начин ја дефинираа неговата кревка судбина.

Најсериозната повреда се случи пред речиси четири години, кога повредата на менискусот го принуди на две операции и го оддалечи од теренот речиси цела година (306 дена).

Она што следуваше потоа беше вистински кошмар, бидејќи повредите се редеа една по друга. Страдаа бутот, листовите, а мускулните влакна често попуштаа под стресот од тренинзите и натпреварите.

Ансу Фати е многу млад, но изгледа како да има „стаклени“ мускули: естетски убави, но екстремно кревки. Последната повреда дојде неодамна – 30 дена апсолутен одмор, шест пропуштени натпревари и значителен пад во физичката подготвеност.

Болестите и техничките одлуки го претворија овој офанзивец во фудбалски „дух“, а во финансиски нестабилните времиња на Барселона неговата плата претставува огромен товар за буџетот.

Тој е трет најплатен играч во каталонскиот тим. Има договор што му гарантира 13,9 милиони евра бруто годишно до 2027 година, а околу половина од тој износ оди директно кај него.

Неговата ситуација претставува расипување на економските ресурси за управата, која зимоска имаше огромни проблеми со регистрацијата на Дани Олмо и продолжувањето на трансфер активностите.

Без голови, без асистенции и со минимален придонес во играта. Ниту позајмицата во Брајтон не помогна во неговата играчка ревитализација и враќање во форма. Од Англија се врати со истите дилеми како и секогаш.

Во неодамнешниот зимски преоден рок уште една позајмица беше на маса, но вистината е дека Фати во ниту еден момент не размислуваше да ја напушти Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови