
Бразилската ѕвезда Нејмар размислува да го купи матичниот клуб Сантош. На овој начин 32-годишниот напаѓач се надева дека ќе му помогне на клубот да ги реши финансиските проблеми.
Сантош има долгови од околу 130 милиони евра. Идејата на Нејмар е да се стекне со акциите на клубот заедно со неговиот татко. Тој беше инспириран од примерот на Роналдо.
Во 2021 година, Феноменот стана сопственик на 90% од акциите на Крузеиро, каде што ја започна својата кариера.
Нејмар својата промоција како млад фудбалер ја имаше во Сантош, а во 2013 година потпиша за Барселона. Моментно е играч на саудискиот Ал-Хилал, но се опоравува од тешката повреда.
Неодамна беше објавено дека Нејмар сака да го напушти Ал-Хилал во 2025 година и да се врати во Сантош.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
