Connect with us

Нејмар по 369 дена повторно заигра фудбал

Бразилецот Нејмар по повеќе од една година по тешката повреда на коленото, конечно се врати на теренот. Тој заигра по точно 369 дена, откако се повреди во дресот на репрезентацијата на Бразил.

Нејмар заигра на гостувањето на Ал-Хилал против Ал Аин во Абу Даби. Тој влезе во игра во 77. минута, а неговиот тим го доби дуелот во вистинска голеада (4-5).

Нејмар пред една година дојде во Ал-Хилал, но одигра само три натпревари за саудискиот клуб. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Бразилецот сега ја разгледува можноста за да се врати во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови