Лионел Меси е нов играч на ПСЖ. Откако мораше да ја напушти Барселона поради финансиските проблеми на каталонскиот гигант и одбивањето на договорот од Ла Лига, во Париз е пречекан како што му доликува, како најдобриот фудбалер во светот.
ПСЖ очекува конечно да го освои трофејот во Лигата на шампионите, а не треба да се заборави дека Лил ја понесе титулата за најдобар француски клуб минатата сезона. Меси ќе има поддршка од играчи како Рамос, Верати, Ди Марија и Мбапе во нападот на новите трофеи, но неговата средба со Нејмар е особено возбудлива.
Бразилецот и Аргентинецот се одлични пријатели, и одиграа четири сезони заедно во Барселона во кои освоија се. Со Суарез го формираа култното трио „МСН“, еден од најдобрите напади во историјата на играта.
Наводно Нејмар го убедувал Меси некое време да му се придружи во Париз, и го поздрави на својот Инстаграм со една фотографија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













