Иако минатата сезона ПСЖ го имаше најскапиот тим во шампионатот, не успеа да ја освои титулата во Франција, а Нејмар и друштвото не направија ништо сериозно во Лигата на шампионите. Сепак, неуспесите од минатата сезона не ги обесхрабрија богатите сопственици на клубот, всушност се чини дека им дадоа дополнителен ветар во грб, па летото го ангажираа еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси.
Целта е да се врати титулата француски шампион на „Паркот на принцовите“, но и конечно да се освои Лигата на шампионите. Нема да им биде лесно, а бразилскиот репрезентативец Нејмар верува дека тој и Меси можат да го повторат тоа што го направија со Барселона кога го освоија пехарот наменет за најдобриот тим на Стариот континент.
„Се надевам дека Меси и јас ќе го повториме она што го направивме во Барселона. Дојдов во ПСЖ во 2017 година со намера да ја освојам Лигата на шампионите. Мислам дека сега имаме подобар тим со подобри играчи”, изјави Нејмар.
По три кола од групата А во Лигата на шампионите, ПСЖ е на врвот на табелата со седум бодови. Еден бод помалку има Манчестер Сити, а три помалку Клуб Бриж. Без бодови е Лајпциг со кого ПСЖ се среќава во 4. коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal