Бразилскиот ас Нејмар ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен до 2026 година. Раководството на клубот ги подготвило документите за обновување на соработката, а потврда пристигнува од „Qatar Today“. Бразилецот во моментот е повреден и се наоѓа во татковината, но по враќањето во Париз треба да се финализираат деталите за новиот „дил“.
Нејмар минатото лето сакаше да го напушти „Паркот на принцовите“ и да се врати во Барселона, но сега таа идеја е комплетно отфрлена откако стана јасно дека и Лионел Меси најверојатно ќе си замине од Барселона.
Бразилскиот репрезентативец пристигна од Барселона во ПСЖ во 2017 година, за рекордни 222 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













