Connect with us

Нејмар доби понуда од Саудиска Арабија, тој сака во Барселона, а Луис Енрике не го дава

Пари Сен Жермен продолжува да има сериозна загриженост за иднината на своите ѕвезди. Лионел Меси си замина како слободен играч, раководството има несогласувања со Килијан Мбапе кој тренира самостојно на само неколку дена пред почетокот на новата сезона, а сега има потешкотии и со Нејмар за кој се шпекулира дека сака да си замине од француската престолнина.


Бразилецот има понуда да го напушти својот сегашен клуб и да замине во Саудиска Арабија за плата од 400 милиони евра годишно. Сѐ уште нема информации за кој тим станува збор.

Во исто време, и Челси е заинтересиран да го доведе Нејмар.

Во моментов, тој најверојатно ќе остане во Пари Сен Жермен, бидејќи приоритет му е враќањето во Барселона, што тренерот Чави Хернандез не го прифаќа како добра можност. Исто така, новиот тренер на парижаните Луис Енрике конкретно истакна дека сака да го задржи Бразилецот во својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови