Connect with us

Не заборавил да игра: Бејл донесе триумф за Тотенхем (ВИДЕО)

Герет Бејл во вториот настап во дресот на Тотенхем по враќањето во Премиер – лигата постигна погодок и му донесе триумф (2-1) на тимот на Жозе Мурињо против Брајтон. Велшанецот влезе во игра во 70.минута и само три минути подоцна постигна прекрасен гол со глава по центаршутот на Регилон. 

Хари Кејн во првиот дел донесе водство за Тотенхем од пенал, а израмни Тарик Лемпти во 56.минута. 

Тотенхем по овој триумф се искачи на второто место на табелата со 14 бода, два помалку од лидерот Ливерпул.  

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови