Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го укинува правилото за гол во гости да има привилегирано значење при дуелите во европските натпреварувања. Од претстојната сезона 2021/21 во сите натпреварувања на УЕФА ова правило ќе биде укинато.
По детална анализа утврдено е дека новата одлука на УЕФА би требало да има придонес за понатамошен развој на фудбалската игра.
Правилото за гол во гости првпат беше воведено во 1965 година во тогашниот Куп на победниците на куповите на УЕФА. Тогаш целта беше да се избегне третиот натпревар на неутрален терен и да се постигне погодок, односно да се охрабрат гостинските екипи да играат поофанзивно.
Оваа сезона Јувентус и Баерн Минхен беа жртви на ова правило.
⚽ The away goals rule will be removed from all UEFA club competitions from the 2021/22 season.
— UEFA (@UEFA) June 24, 2021
Ties in which the two teams score the same number of goals over the two legs will now have two 15-minute periods of extra time, and, if required, penalty kicks.#UCL #UWCL #UEL #UYL
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal