Connect with us

Не се скапи билетите за Македонија за ЕВРО, ама се малку и се тешко достапни

Поддржувачите нa фудбалската репрезентација на Македонија кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварите од ЕВРО 2020 можат да се пријавуваат за купување на билети за мечевите од Европското првенство преку Фудбалската федерација на Македонија. Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се од категорија 3. Цената на чинење на еден билет изнесува 30 евра за натпревар во Букурешт, односно 50 евра за третиот натпревар од групата против Холандија во Амстердам.


Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварите од ЕВРО 2020 може да аплицираат за билети за мечевите на Македонија до 25. мај до 23:30 часот.


Преку електронска најава (име и презиме, натпревар(и) од ЕВРО 2020 заинтересирани да го следите и број на билети) испратени на e-mail адресата biljana.velkovska@ffm.com.mk, најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети, а доколку има можност барањето да се одобри, на e-mail адредсата од која е испратено барањето добивате посебен код за пристап на платформата на УЕФА за продажба на билети за ЕВРО 2020.


Специјалниот код за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварите на македонската репрезентација од Европското првенство е ограничен со можност за купување на два или најмногу четири билети за натпреварите од групата на Македонија од ЕВРО 2020.


Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови