Connect with us

Не му ја давал „седумката“ на Роналдо во Ал-Наср, па го избркале

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал-Наср од Саудиска Арабија веднаш предизвика скандал. Португалската ѕвезда потпиша милионски договор, а по ова раководството на клубот го повикало фудбалерот од Узбекистан, Јалодин Машарипов, кој требало да се откаже од дресот со број „7“ во Ал-Наср. Според договорот, тој бил наменет за Роналдо.


Сепак, Машарипов на почетокот одбил да го стори тоа, а потоа се согласи да излезе на теренот со дрес со број „77“.

Иако случајот со бројката на дресот бил решен, управата повторно го повикала Узбекистанецот и го известила дека ќе мора да си замине и му го раскинала договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови