Connect with us

Не го вклучува во тимот, но Аморим тврди дека Маркус Рашфорд има иднина во Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим вторпат по ред го изостави Маркус Рашфорд од тимот и изрази незадоволство од последното интервју на напаѓачот, но тврди дека Маркус Рашфорд сè уште има иднина во Манчестер Јунајтед.

По вчерашниот пораз од Тотенхем во четвртфиналето на Карабао купот, Португалецот повторно мораше да ја коментира ситуацијата со напаѓачот, кој според англиските медиуми може да го напушти клубот уште во јануари.

„Зошто Маркус Рашфорд остана надвор од тимот? Селекција. Ги избрав играчите за кои чувствував дека се подготвени да се справат со барањата на еден интензивен натпревар. Дали тој има иднина во клубот? Секако, тој е играч на Манчестер Јунајтед. Утре имаме тренинг, и тој ќе биде со нас за да се подготви за следниот натпревар. Ќе видите дали ќе биде дел од тимот за него“, изјави Аморим на прашањето за Рашфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови