Килијан Мбапе на лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид. Но, тој не е единствениот кој француската престолнина ќе ја замени со шпанска.
Драмата околу Килијан Мбапе конечно го доби својот епилог. Овој 25-годишен фудбалер одлучи да не го продолжи договорот со ПСЖ.
Така, на крајот од оваа сезона тој ќе го напушти клубот во кој дојде во 2017 година од Монако. Неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.
Сепак, освен него, од ПСЖ на „Бернабеу“ би можел да дојде уште еден играч.
Според новинарите на „Мадрид Универзал“, Ашраф Хакими, сака да го напушти ПСЖ на крајот од актуелната сезона и би размислил да се врати во Реал Мадрид, тимот што го изнесе на големата сцена.
Мароканецот, кој мина низ академијата на „кралевите“ во летото 2017 година беше промовиран во сениорскиот тим. По девет натпревари тој беше позајмен во Борусија Дортмунд.
Таму беше стартер две години, а потоа во 2020 година беше продаден на Интер за 43 милиони евра.
По исклучителната сезона во дресот на Интер, тимот од Милано го продаде на ПСЖ за 68 милиони евра.
Тој три сезони го носи дресот на парижаните. Забележа 105 настапи и постигна 13 гола со 17 асистенции, но се чини дека на неговата авантура во дресот на ПСЖ и дојде крајот.
Доколку се врати во Реал Мадрид ќе се бори за место во стартниот тим со Дани Карвахал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













