
Мексиканскиот интернационалец Раул Хименез морал да замине на операција на черепот за да се санира страшната повреда на главата што ја заработи по жестокиот судир со дефанзивецот на Арсенал, Давид Луиз. За среќа, хируршкиот зафат минал во најдобар ред и тој сега ќе треба да мирува и да закрепнува.
Со соопштение за најновата здравствена состојба на фудбалерот излезе фудбалскиот премиерлигаш Вулверхемптон.
„Раул Хименез се чувствува добро по синоќешната операција, што му беше извршена во болница во Лондон. Тој имаше можност за мала средба и со партнерката Даниела и сега му следи период на одмор и рехабилитација. Во следните денови ќе остане под лекарски надзор. Сакаме да искажеме благодарност до медицинскиот персонал на Арсенал, на итната помош, болничкиот персонал и на хирурзите кои се погрижија се да мине во најдобар ред и беа од огромна помош. Исто така, замолуваме за период на приватност за Раул Хименез и неговото семејство“, се вели во соопштението на Вулверхемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
