
Францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе е обвинет за силување и сексуален напад, тврди шведскиот медиум „Експресен“. Мбапе беше во Стокхолм минатиот четврток, каде што поминал време со свои пријатели и посетил еден ноќен клуб.
Според информациите на „Експресен“, инцидентот се случил на 10 октомври 2024 година во хотел во центарот на Стокхолм. Во хотелската соба, некои девојки се дружеле со групата, по што една од нив го обвинила Мбапе за силување.
Мбапе и неговиот адвокат остро ги осудија ваквите информации, нарекувајќи ги „лажни вест”.
Сепак, шведските медиуми остануваат доследни на своите тврдења. Новинарката Катрин Кранц од „Експресен“ изјави: „Ние сме 100 проценти сигурни дека Мбапе е осомничен за силување“, додавајќи дека иако не е познато дали е виновен, случајот е во рацете на обвинителството и полицијата за понатамошна истрага.
Поради ова и во Реал Мадрид имале итен состанок, за да видат како можат да го заштитат својот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
