
Навивачите на Тетекс се незадоволни од случувањата во еден од најстарите македонски клуб. Дел од фановите на „текстилците“ искажаа сериозно незадоволство од именувањето на новото раководство на чело со новиот претседател Мирче Блажески и новиот тим-менаџер Бојан Захариев.
„Што се случува со нашата гордост ФК Тетекс?
Нашиот клуб на почеток на минатата сезона беше пример како со труд, љубов и малку пари може да се постигне добра работа. Клуб исполнет со еуфорија, без моќни спонзори, со млади и талентирани фудбалери и амбициозни тренери, на крајот од сезона Тетекс успеа да биде во Топ 5 на табела во Втора МФЛ.
Откако Војо Тофиловски си замина од претседателското место на негово место дојде Мирче Блажески кој бил избран за нов претседател на Фудбалскиот клуб Тетекс Тетово со него доведен за тим-менаџер е Бојан Захариев, кој бил во повеќе клубови низ Македонија, за него има повеќе негативни работи отколку позитивни. Според спортските медиуми постојат статии дека се работи за човек кој многу ветува а ништо не исполнува.
Зошто новата управа крие дека позади тим менаџерот стои анонимен спонзор кој треба да го финансира Тетекс?
Во Тетекс владее голем молк, зошто на официјалниот профил на Фејсбук после веста за новото раководство нема вести за новини во тимот?!
Факт е дека фудбалерите си заминуваат секојдневно, а од Спортмедиа… дознавме дека капитенот Петар Митев, Дамјан Масевски и Гордијан Христовски не се повеќе дел од Тетекс. Ако продолжи трендот ќе ни се случи 2016 година, кога Тетекс остана без фудбалери и 5 до 12 ќе брка по истите да создаде тим за натпреварување. Според наши информации, на фудбалерите им се нудат смешни услови кој ги одбиваат бидејќи подобро да бидеш келнер него фудбалер на Тетекс за жал. ФК Тетекс не ја заслужува оваа ситуација, ниту ние навивачи, ниту фудбалерите кој се во школата и кој ќе бидат дел на нашата гордост Тетекс.
Време е клубот конечно да се опорави, сите очекуваат силен Тетекс кој ќе се бори за влез во Прва лига, не за испаѓање во Трета лига!“, се вели во реакцијата на „Напред Тетекс“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
