
Лацио доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако загуби од Баерн Минхен со 3-0 во реванш мечот од осминафиналето. Италијанскиот тим не успеа да ја одбрани предноста од еден гол што ја обезбеди на првиот дуел во Рим.
Баерн поведе со голот на Хари Кејн во 38.минута, а во претходната акција Чиро Имобиле имаше одлична можност да обезбеди предност за гостите. Тој шутираше со глава од неколку метри, но не беше прецизен.
Многу навивачи на Лацио го обвинија токму Чиро Имобиле за овој неуспех на тимот. Тие не го поштедија својот 34-годишен капитен во коментарите на социјалните мрежи.
„Пензионирај се Имобиле, збогум за Лигата на шампионите, пензионирај се или оди во Саудиска Арабија“, беа коментарите за настапот на Имобиле.
CIRO LI HA PORTATI AI QUART…
— Giuseppe Falcão (@GiuseppeFalcao) March 5, 2024
AH NO 😂#BayernLazio pic.twitter.com/80aHL5eDyU

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal