Навивачите на Интер ќе направат „пекол“ на 29 октомври кога ќе гостува Рома во Милано.
Една од најголемите причини е Ромелу Лукаку, белгискиот фудбалер кој летово им се приклучи на римјаните и кој дури преговараше и со Јувентус.
Поради тие преговори тој го навлече гневот на навивачите на Интер, со оглед дека претходно го носеше дресот на „нероаѕурите“, па подготвени се 50.000 свирчиња специјално за тој натпревар.
„Тој 29 октомври е датумот што мора да го заокружиме во календарот за да бидеме подготвени и да го пречекаме, нека го почувствува ужасот од наша страна затоа што ни го сврте грбот на најсрамен начин. Покажа дека е мал човек, бидејќи пред да станеш шампион, треба да бидеш маж и да знаеш да го одржиш зборот“, соопштија навивачите на Интер.
Дополнително, во соопштението се вели дека ќе бидат користени 50.000 свирчиња секогаш кога Лукаку ќе ја прими топката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













