Навивач на Фиорентина, кој присуствуваше на финалето на Конференциската лига против Олимпијакос во Атина, за малку ќе го загубеше животот за време на натпреварот. Тој доживеа срцев удар на крајот од првото полувреме и за малку се размина со смртта. Веста ја пренесе грчката телевизија „Мега ТВ“.
На италијанскиот навивач му се слошило додека го следел натпреварот и само брзата интервенција на луѓето околу него му го спасила животот. Веднаш повикале лекар, кој со дефибрилатор го рестартирал срцето на навивачот.
Токму брзата интервенција на лекарите помогнала да се избегне фатален исход. Навивачот веднаш бил пренесен во најблиската болница и моментно е во стабилна состојба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













