Шкупи е нов фудбалски првак на Македонија. Со победата против Ренова (2:0), тимот од Чаир има недостижна предност на врвот на табелата пред конкурентите.
Капитенот Кристијан Наумовски вели дека Шкупи сосема заслужено стигна до шампионскиот трофеј, откако во најголем дел од првенството беше на врвот на табелата.
„Не знам што да кажам, многу сум среќен за овој голем успех, мислевме дека ќе биде лесен натпревар против Ренова, но не испадна така. Но, важно е на крајот, со полна заслуга, дека сме шампиони на Македонија. Голема благодарност до навивачите, „Шверцери“ кои секогаш беа со нас, оваа титула е за нив“, рече Наумовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













