Пишува: Никола Ѓуровски
Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас утре ќе пристигне во Скопје и ќе се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски во пресрет на епската битка со Грузија за пласман на Европското првенство. По долги преговори и убедувања, Наполи сепак дозволи да го ослободи Елмас и да му дозволи да го исполни детскиот сон, но и сонот на сите Македонци, фудбалската репрезентација да биде дел од ЕП.
Дека не беше така лесно и дека Наполи не се шегуваше, јасно е и од одлуката на клубот – Полјакот Пјотр Зиелински, кој исто така беше позитивен на коронавирус како и Елмас, да остане во Неапол и да не се приклучи на полскиот национален тим.
Нацијата може да здивне, Елиф Елмас заедно со Горан Пандев и Илија Несторовски од Италија ќе долета за Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski