Connect with us

Наташа Андонова донесе победа за Леванте

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова донесе победа (1-0) за Леванте против Реал Сосиедад во првенството на Шпанија.


Андонова беше стрелец на победничкиот погодок на натпреварот. Таа во 60. минута постигна гол што на крајот се покажа и решавачки фактор за освојување на трите бода.


Андонова стигна до третиот погодок оваа сезона, а Леванте се наоѓа на седмата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови