Connect with us

Наследникот на Нојер пристигна во Минхен

Јан Зомер прави трансфер во Баерн Минхен, тој денеска треба да ги мине медицинските прегледи. Германскиот шампион на Борусија Менхенгладбах ќе и плати 8 милиони евра, а уште 1,5 милиони се предвидени како бонуси со одредени клаузули.


Зомер доаѓа да го замени капитенот Мануел Нојер, кој пред околу еден месец ја скрши ногата на скијање и нема да игра до крајот на сезоната. Баварците мора да побрзаат со трансферот, бидејќи утревечер играат против Лајпциг.

Швајцарецот е во Гладбах од 2014 година.

Предметните бонуси од 1,5 милиони евра ќе се активираат под следниве услови: 1 милион евра за титула во Бундес – лигата, 250.000 евра за триумф во Купот на Германија и 250.000 евра за успех во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови