
Италијанскиот првак Наполи со погледите е насочен кон Лондон, односно кон Арсенал и сака да доведат двајца играчи на „топчиите“.
Дефанзивецот Такехиро Томијасу е прва желба на првиот човек на Наполи. Сезонава постигна еден гол и додаде три асистенции на 19 натпревари, што е одличен ефект за еден дефанзивец.
Јакуб Кивиор, уште еден дефанзивец и играч на Арсенал, е на листата на желби на Наполи.
Останува да се види дали ќе биде реализиран барем еден од двата трансфери во првите денови на 2024 година.
Наполи во продолжението од сезоната ќе игра и во осминафиналето од Лигата на шампионите. Противник на „наполитанците“ ќе биде Барселона.
Првиот голем трансфер оваа зима го направи токму Наполи со продажбата на Елиф Елмас во Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
