Наполи на одличен начин ја стартуваше сезоната во Серија А совладувајќи ја Верона на гости со 2-5. Тимот на Лучијано Спалети покажа завидна ефикасност, а Елиф Елмас доби нешто повеќе од дваесет минути на овој дуел.
Кевин Ласања во 29.минута ја доведе Верона во водство, но одговорија Кварацкелија и Осимен за предност на Наполи на полувремето.
Во вториот дел, Томас Анри израмни во 48.минута, но Наполи не застана туку повторно обезбеди убедлива предност. Зиелински погоди за 2-3 во 55.минута, Лоботка десет минути подоцна го зголеми водството, а Матео Политано во 79.минута го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













