Connect with us

Наполи стартуваше со триумф над Фросиноне, два гола на Осимен (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Наполи успешно ја стартуваше одбраната на титулата во Серија А. Елиф Елмас доби шанса во финишот на мечот, а неговиот тим славеше на гости против Фросиноне со 1-3.

Абду Харуи во седмата минута погоди од пенал и донесе водство за Фросиноне, а израмни Матео Политано во 22.минута. Потоа на сцена стапи Виктор Осимен, кој со два гола донесе триумф за „наполитанците“.

Нигериецот во 42.минута донесе нова предност за Наполи од 1-2, а во вториот дел го потврди триумфот во 79.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови