Connect with us

Наполи со уникатен подарок за Елмас – „Златното стапало на Марадона“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби специјален подарок од Наполи во чест на освојување на шампионската титула. Тој и соиграчите го добија „Златното стапало на Марадона“, признание кое треба да ги потсетува на сезоната во која успеаја да ја освојат титулата и да го вратат пехарот во Неапол по цели 33 години.


Наградите на фудбалерите на Наполи им беа доделени во тренинг-центарот Димаро во Кастел Волтурно. „Наполитанците“ шампионскиот пехар ќе го добијат утре на последниот натпревар од сезоната против Сампдорија.

Елиф Елмас постигна шест гола и имаше три асистенции во Серија А изминатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови