Наполи во натпревар со многу емоции, посветен на легендарниот Диего Армандо Марадона, ја совлада Рома со убедливи 4-0. „Наполитанците“ играа со аргентински дресови во чест на Марадона, а првиот погодок го постигна синот на Неапол, Лоренцо Инсиње во 31.минута. Тој претходно постави и букет со цвеќе на трибината каде имаше огромен банер од Диего Марадона.
Во вториот дел, Фабијан Руиз зголеми на 2-0, потоа Дрис Мертенс и дефинитивно ги расчисти дилемите околу победникот, а со голот на Матео Политано противникот беше комплетно разбиен.
Елиф Елмас доби шанса за настап во завршницата од овој натпревар. Тој шутираше кон голот на Рома за третиот гол на Мертенс, а Белгиецот одбиената топка ја смести во мрежата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













