Connect with us

Наполи се засили со италијански репрезентативец

Наполи официјално го објави ангажманот на дефанзивецот Алесандро Бонџорно од Торино. Вредноста на зделката е 35+5 милиони евра, а играчот потпиша петгодишен договор со откупна клаузула во износ од 70 милиони евра.

Бонџорно е младинец на Торино, има одиграно вкупно 109 натпревари со четири гола и пет асистенции за првиот состав на „биковите“.


25-годишниот централен дефанзивец исто така играл како позајмен во Карпи и во Трапани. Покрај тоа, тој е италијански репрезентативец и досега има четири натпревари за „сквадра аѕура“.

Бонџорно е третото ново засилување на „партенопеите“ во одбраната, по Леонардо Спинацола и Рафа Марин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови