Италијанскиот калчолигаш Наполи е уште еден клуб заинтересиран за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд. Англичанецот има одлична сезона на позајмица во тимот на Хетафе и тоа го привлече вниманието на многу клубови, а сега им се приклучија и „наполитанците“, открива „Кориере дело Спорт“.
22-годишниот крилен напаѓач има договор со Манчестер Јунајтед до 2025 година, но во оваа фаза поверојатно е дека „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го продадат на лето. Ова е и главната причина зошто толку многу тимови посегнуваат кон младиот Англичанец.
Гринвуд досега најчесто беше поврзуван со интерес од Јувентус, но неговото име се поврзуваше и со Атлетико Мадрид, Хетафе и со два неименувани премиерлигаши. Се чини дека и Наполи сега е подготвен да се вклучи во битката за неговиот потпис.
Гринвуд во дресот на Хетафе оваа сезона забележа 34 настапи, постигна 10 гола и шест асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













