Connect with us

Наполи сака да го задржи Кварацкелија до 2028 година

Агентите на Квича Кварацкелија ќе се сретнат со раководството на Наполи во наредните денови за да преговараат за продолжување на договорот до 2028 година, објавија италијанските медиуми. Актуелниот договор на Кварацкелија е до 2027 година.


Грузискиот крилен напаѓач е еден од најдобрите играчи на Наполи, на кој му се приклучи летото 2020 година од Динамо Батуми.

Во импресивната сезона завршена со освојување на Серија А, тој имаше 14 гола и 17 асистенции. Неговата вредност е проценета на околу 85 милиони евра, а Наполи најверојатно со нов договор сака да го заштити од интересите на поголемите и побогати клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови