
Фудбалерите на Торино остварија голема победа над актуелниот шампион Наполи, славејќи со 1-0 во натпревар исполнет со драма, особено во самиот финиш кога беше поништен гол на Ноа Ланг.
Ова е втор пораз за Наполи во седум кола во Серија А, па тимот и понатаму го дели првото место со Рома, која исто така има 15 бода, но со еден натпревар помалку. Торино, пак, ја забележа само втората победа сезонава и сега има осум бода.
Првата вистинска шанса се појави во 15. минута кога Влашиќ шутираше од далечина, но стативата го спаси Наполи. Сепак, Торино поведе во 32. минута. Че Адамс доби топка пред казнениот простор на гостите, му беше одземена, но таа стигна до Џовани Симеоне, кој е на позајмица во Торино од Наполи. Симеоне го заобиколи Ди Лоренцо, потоа го надмудри и голманот Вања Милинковиќ-Савиќ и ја испрати топката во мрежата за 1-0.
Во продолжението се очекуваше реакција од Наполи, но домаќините се обидуваа што подолго да го држат притисокот на противничката половина. Како што се ближеше финишот, Наполи презеде иницијатива, додека Торино главно се концентрираше на одбрана на својот гол.
Во 68. минута, Кевин де Бруин пропушти голема шанса кога Ноа Ланг му ја испрати топката од левата страна, а искусниот Белгиец шутираше над голот од десетина метри. Наполи продолжи да напаѓа, имаше преку 20 удари кон голот, но без вистински опасни шанси пред голманот Израел.
Во третата минута од судиското надополнување, Ланг постигна гол што првично беше прославен од Наполи, но по реакцијата од ВАР, конечната одлука беше дека погодокот не е регуларен поради офсајд. Ланг беше во недозволена позиција во моментот кога Политано од десната страна шутираше кон голот, а топката се одби од стативата и дојде до Ланг.
Во последните десетина минути на овој натпревар настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
