Напаѓачот на италијанскиот првак Наполи, Нигериецот Виктор Осимен, го повреди десниот бутен мускул на репрезентативниот натпревар и ќе отсуствува од теренот околу еден месец.
Тој се повреди во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија во Портимао, јужна Португалија, кој заврши нерешено 2-2.
„Осимен беше подложен на нови прегледи кои открија лезија од медијален тип на бицепсот на десната надколеница“, објави Наполи во соопштението за медиумите.
„Напаѓачот започна со рехабилитација во тренинг центарот на клубот“, се додава без дополнителни детали.
Според „Кориере дело Спорт“, Осимен би можел да биде надвор од терените еден месец и да пропушти четири првенствени натпревари и два натпревари од Лигата на шампионите.
Нигериецот оваа сезона постигна шест гола на десет настапи. Наполи моментно се наоѓа на петтото место во италијанскиот шампионат со седум бода помалку од лидерот Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













