Connect with us

Наполи немал преговори со Манчестер Јунајтед за Кристијано Роналдо

И по неколкумесечни шпекулации, Кристијано Роналдо ќе остане на „Олд Трафорд“ барем до јануари кога повторно ќе се отвори пазарот. Легендарниот Португалец сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед, неговиот агент Жорге Мендеш имаше полни раце работа, а се споменуваа Челси, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Марсеј, Атлетико Мадрид, ПСЖ и на крајот Наполи.


Како што изгледа, ниту еден клуб не бил сериозно заинтересиран за соработка со Португалецот. Пристигнаа деманти од споменатите клубови, а проговори и Џунтоли. Спортскиот директор на Наполи изјави дека немало преговори во врска со Роналдо.

„Жал ми е што го кажувам тоа, но никогаш не бевме во вистински преговори со Манчестер Јунајтед околу купувањето на Кристијано Роналдо ова лето“, изјави првиот оперативец на клубот од југот на Италија.

Роналдо ќе остане во Англија, Тен Хаг засега го користи како резерва, а ваквото сценарио засега дава резултати. Ќе видиме што планира Роналдо по „неуспешното бегство“ од Манчестер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови