Наполи запиша уште една сигурна победа во новата сезона од Серија А. Во последниот денешен натпревар од третото коло, актуелниот шампион славеше на гостувањето кај Фиорентина со 1-3 и го задржа врвот на табелата.
„Виолетовите“ во овој дуел влегоа без пораз во првите две кола, но не успеаја да се спротивстават на разиграната екипа на Антонио Конте. Веќе во шестата минута Кевин Де Бруин беше прецизен од белата точка за 0-1, а осум минути подоцна Расмус Хојлунд го постигна својот прв гол за Наполи и зголеми на 0-2.
Amazing
— Ramy (@Ramy_Stats) September 13, 2025
Hojlund scored on his debut ❤
Napoli 2-0 Fiorentina pic.twitter.com/WZ8PunU7dl
Во второто полувреме Сем Беукема дебитираше со гол за 0-3, со што прашањето околу победникот беше решено. Антонио Конте потоа направи три измени, а на теренот во 69. минута влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој веднаш се закани со удар, но Давид де Хеа одбрани.
Фиорентина до крајот успеа само да го ублажи поразот преку Раниери во 79. минута, за конечни 1-3.
Наполи со овој триумф останува со максимален ефект по три кола и ја потврдува кандидатурата за одбрана на титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













