Connect with us

Наполи игра во Удине, а го распродаде својот стадион за прослава на шампионската титула

Италијанскиот калчолигаш Наполи соопшти дека стадионот „Диего Армандо Марадона“ е распродаден за вечерашниот натпревар што нивниот тим го игра во Удине.


На стадионот во Неапол ќе се организира заедничко гледање на натпреварот против Удинезе (вечерва во 20.45 часот) преку видеопроектори, а портите на „Марадона“ ќе бидат отворени од 18 часот.

Избраниците на Лучијано Спалети викендов против Салернитана ја пропуштија можноста и официјално да станат шампиони на Италија, но вечерва имаат нова шанса.

Стадионот има капацитет од близу 55.000 седишта. Вечерва Наполи би можел да ја освои првата шампионска титула по сезоната 1989/90.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови