
Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид и италијанскиот калчолигаш Наполи покажуваат сериозен интерес за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, информира весникот „Билд“. Германскиот играч од средниот ред до неодамна беше високо ценет во таборот на Баварците, но во текот на минатата година тој го загуби статусот на „недопирлив“ првотимец.
Горецка има договор до 2026 година и од „Алијанц Арена“ би сакале да се разделат со него сега, а не следното лето, кога тој веќе ќе биде во последната година од договорот и неговата цена ќе биде значително намалена.
Интересот на Наполи е посилен, бидејќи во Неапол очекуваат разделба со Виктор Осимен, која ќе ја наполни касата на клубот и ќе донесе повеќе можности за посериозни засилувања. Токму оваа ситуација доведе до идејата на новиот тренер Антонио Конте да го доведе Леон Горецка, за да ја засили средината на теренот, каде „партенопеите“ го загубија Пјотр Зиелински ова лето.
Од друга страна, Атлетико исто така бара свежина и нови идеи во средниот ред, но од „Ванда Метрополитано“ се поблиску до потпишувањето на Конор Галахер од Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
