Connect with us

Наполи го објави наследникот на Кварацкелија

Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Наполи, официјално го објави ангажманот на напаѓачот Ноа Окафор, кој пристигнува од Милан како замена за Квича Кварацкелија, кој претходно во зимскиот трансфер период замина во Пари Сен Жермен.

Договорот е во форма на позајмица во вредност од околу два милиони евра, а во летниот преоден рок може да стане постојан трансфер доколку Наполи плати дополнителни 23 милиони евра. Интересно е што во јануари 24-годишниот Окафор беше блиску до трансфер во Лајпциг под слични услови, но германскиот клуб се откажа поради загриженост за повреда на играчот по медицинските прегледи.

Од друга страна, Наполи не успеа да доведе неколку играчи, како Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед, Карим Адејеми од Борусија Дортмунд и Алан Сен Максиман од Ал-Ахли, кој е на позајмица во Фенербахче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови